Прилепските актери Александар Тодески, Најдо Тодески, Зоран Иваноски се дел од екипата во новиот филм ,,До Балчак,, кој по сценарио на Горан Стефановски го снима режисерот Столе Попов.
Александар Тодески има споредна улога, додека неговиот татко Најдо Тодески и Зоран Иваноски имаат епизодни улоги. Во филмот на Попов се појавува и германската актерка Сара Ѓорѓиоска која има прилепско потекло по мајка.
,,До Балчак,, е сурова љубовна романтична приказна во која се пренесува вечната македонска кауза за сопствениот идентитет и самостојност видена строго низ индивидуалноста. Филмот е финансиски поддржан од Владата и е квалификуван како проект од национален интерес.