Бокс
Од “Про бокс Македонија” најавуваат нов боксерски спектакл во август. На рингот треба да се појави Александар Николоски. Претседателот и менаџер, Дарко Чатлески, преговараше за противник да се најде од потенцијалните од Апенинскиот полуостров.
– Имавме контакти со Италијанци. Спектаклот го најавивме во ЕБУ и извесно е дека првиот човек, Белгиецот Боб Логист ќе присуствува да види на дело какви организатори сме – вели Чатлески.
Тој беше првиот и единствениот македонски делегат во Собранието на Европската боксерска унија во Брисел.