ПАЛАЧИНКИЈАДА ЗА ФИНИШ

            Со над две илјади вкусни палачинки денеска ќе се насладуваат основците и средношколците за финишот на учебната година.

            Слатката завршница, која за прв пат се организира, ќе започне во 18 часот на Камената бина на плоштадот Александрија. Палачинкијадата се организира под покровителство на општина Прилеп, а иницијативата потекна од учениците.

            За полесно да се голтаат палачинките кои ќе бидат по желба и вкус на учениците, ќе има и “топ” музичка забава!

            Летниот распуст започнува, книгите ќе се заменат со палачинки! 

Loading