Заврши 32-та Конвенција на карневалските градови
Со откривање на автентична извајана маска на прилепските “мечкари”, поставена на гранитен камен во паркот кај Комерцијална банка е овековечено одржувањето на 32-та конвенција на карневалските градови, што од 26 мај до трети јуни се одржуваше во Прилеп. Градоначалникот Марјан Ристески изјави дека се промовира градот, кој ќе претендира, карневалот Прочка да биде еден од најатрактивните на Балканот. Гости беа околу 130 делегати од 20 карневалски градови во светот, кои дефилираа низ улиците, имаа маскенбал и забава во бело. Во еднонеделниот престој се воодушевија од нашите културни и природни вредности.