За еден месец ќе се збогати понудата со здрава храна – печива од интегрални житарки
Бизнис со лиснато тесто во други градови преку печка
Фирмата за производство на бели печива Панефино од 2007 година успева да ги пробива своите вкусни производи во силната конкуренција. Сопстевникот Диме Спиркоски не се жали, туку вели дека успева добро да го води бизнисот. Со соперниците на пазарот се бори со постојани нови понуди за збогатување на палетата бели печива. Мискојна мирисаат печивата, а кога ќе се пробаат, се топат во устата. Сопственикот не мирува и се стреми да ја прошири понудата. Веќе подготвува производство на интегрални печива, односно здрава храна, која е хит на Запад. Муштериите препознаваат квалитет. Прв бев меѓу печивата од лиснато тесто. Тоа беше нов начин, нов избор и предизвик да се вкусат. Покрај лиснатото тесто, мераклиите можат да пробаат ѓевреци, пици, кифли, кроасани… Асортиманот е раскошен и малкумина можат да одолеат на аромата и вкусот на, секогаш топлите и пресни, печива – вели Спиркоски. Како претприемач, кој секогаш гледа напред веќе се подготвува асортиманот да го рашири со здрава храна.
– Моја замисла е муштеријата да го “навлечам” на здрава храна. Тоа се интегрални бели печива од пченкарно брашно. Кај нас уште нема таква понуда. Тоа се печива кои лесно се сварливи, заситуваат и имаат помалку калории. Добри се и за варењето. Сметам дека понудата ќе има рефлекс и на профитот. Тоа е перспектива, на која ставаме акцент во следниот период – вели сопственикот.
Веќе следниот месец, тој ќе ги стави на понуда интегралните лиснати и полулиснати печива, замесени од материјали, од житарки, кои имаат својство на здрави суровини.
– Ќе ги изработуваме според технолошки постапки од елитна хрватска фирма. Бев на саем и научив, гледав како се прави брашно и суровини, како тече постапката до готов производ. Треба само да се обликуваат и да се продадат. Располагам со соодветната технологија. Со мали дополнувања што недостасуваат, кои ќе ги набавам, ќе ја заокружам технолошката линија – вели Спиркоски.
Производите на Панефино се барани на свечености во Ресен, Крушево и Кавадарци.
– Нудими кетеринг услуга. Интересно е што работиме и на принципот на понуда на печка со тесто на фирми во други градови. Им даваме печка, а после им продаваме тесто, кое тие го печат и го продаваат – објаснува Спиркоски.
Нов објек кај Цепенков
Отворивме нов објект кај ЦК “Марко Цепенков”, оти граѓаните не секогаш се вртат само во чаршијата. Кај “…Цепенков” има фреквенција. Тука има многу кафулиња, ноќни клубови. Порано тие движења беа насочени главно околу чаршијата, оти сите ноќни клубови беа натаму. Локацијата е одлична. Може да се застане со автомобил.