ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ ГО ОСВОИЈА КОКИНО

          

Дел од учениците од гимназијата “Мирче Ацев” со професорите по географија, Владо Чакароски, и по физика, Кирил Јосифоски, се воодушевуваа на  милениумската опсерваторија Кокино кај Куманово во еднодневната екскурзија. Осознале дека комплексот датира пред 20 века п.н.е. и претставува опсерваторија, четврта по старост и по значење во светот. Импресионираноста на заљубениците на астрономијата и вселената им дошла, поради величественоста, значењето и улогата на комплексот, која ја спојува древноста со сегашноста, но древност што ги надминала сите современи достигнувања. Тоа говори за интелегенција која го достигнала недостижното илјадници години пред времето. 

Loading