Учениците од одделенска настава од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, ставија “шлаг на тортата”, наречена “еко пакет за подобар свет”. Сите, од прво до петто одделение ќе ја завршат целогодишната манифестација, во која промовираа здрав начин на живот и чување на животната средина. На завршната приредба, во забавниот дел учениците се натпреваруваа во четири еколошки теми. Играа танц со предавање на пластични шишиња, скокаа како зајачиња во најлонска вреќа, играа кошарка со топка од отпадоци и претураа вода од еден во друг сад без да им капне една капка. За најдобрите имаше пофалници и симболични награди. Во другиот дел, засадуваа цвеќиња во училишниот двор, правеа клупа со столчиња за одмор и поставуваа еко – катче со свои ракотворби во училиштето.
Од септември ќе откриваат нови форми за зачувување и за негување на животната средина.