Ангела Димеска е трет клас во Гимназијата “Мирче Ацев”, а со аматерско актерство се занимава веќе четири години. За претставата “Крајот на светот каков што го знаеме” во режија на Андреј Богатиноски добила награда за најдобра епизодна улога. Глумела во десетици претстави, а ова и е првпат кога на премиерата “ја полазиле морници” од трема. Прво се појавила во претставата “Одисеја”, за чија аудиција видела на плакат и веднаш се “построила” за статист меѓу 77 други.
– Тремата ја разбив со тоа што “влегов” во духот на улогата и си реков, не сум повеќе Ангела сега сум Хелен од претставата – одговори надежната аматерка.
Сега се двоуми каде на факултет. Примамлив í е Факултетот за драмски уметности, ама од друга страна сака да биде правник.