ЗЛАТА ЗА ТАНЧЕРИТЕ И МУЗИЧАРИТЕ

          

На државното првенство за танц до 15 години во Штип, танчерките од ОУ “Блаже Конески” го импресионирале жирито и освоиле прво место за модерен балет. Сега не се знае дали ќе ги очекува балканско, европско или меѓународно првенство, ама, како и да е, балерините се подготвени да одговорат на секој предизвик најдобро што умеат. Со сопствената кореографија и микс на Р&Б и хип- хоп песни – Сандра Јакимоска, Катерина Глигороска, Андреја Аврамоска, Ружица Цветкоска, Евгенија Заткоска, Мимоза Мицоска, сестрите Сара и Ивана Јованоски, Ивана Кормушоска, Михаела Дамческа, Сара Спиркоска и единствениот машки претставник Алија Шабаноски – биле дрим-тим. Ги покажале желбите, интересите, и, со борба против искушението да не се потклекне под тремата, ги воодушевиле судиите на танцовите групи.            Конкуренти биле 10 балетски постави на еднодневниот натпревар со 35 годишна традиција. На модерните балерини, не им било толку важно златото, колку што им вредело дружењето и разменувањето на контакти.

            Мандолинскиот оркестар пак во Велес ги “прегревал” перцата на државниот натпревар. Со задолжителната “Неаполитанска песна” се загреале, а својот зенит го постигнале со песната “Билјана”, аранжирана од Кирил Трајковски. Диригентот Марија Неделкоска ги подготвила уметниците на мандолини, контрабас и акустична гитара да отсвират перфектно, да ја одушеват комисијата за оценка и зад себе да остават девет оркестри. 

Loading