“ВРЗАН” ЗА ФУДБАЛ ОД 1953

Благоја Башески

Повозрасните фудбалски приврзаници потешко остануваат верни во следење натпревари. Еден од најредовните, кој не пропушта ниту пријателска е Благоја Башески. На силен дожд, со чадорот в рака, го проследи второлигашки триумф на Победа јуниор со 4-1 над Македонија Ѓ. П. Првпат на фудбал дојдов 1953 година. Играв за Б тимот на Победа, продолжив во Индустријалец. Бев одбрана, но ме префрлија во напад, откако дадов хет – трик против Преспа. Освоивме петто место во Битолски потсојуз. Имаше и убави и лоши моменти. Најтешко минувавме во Кавадарци со ќотек, а во Ресен увото ми го скинаа – се сеќава Башески. Тренер е од 1962. Играл за Младост Кривогаштани, а истовремено тренирал три клуба. Секаде помагал, во ЗИК, Пролетер… Занаетот го учел и кај Миљан Миљаниќ. На повик од Цане Самарџија го возобновил Хајдук. Успеси нижел со репрезентацијата на Македонија за лица со оштетен слух, второ место во Југославија. Ја споменува победата од 2-1 над Србија.

– Без фудбал не можам. Со задоволство ги гледам младиве деца, какви тренирав порано. Не ме бендисува одговорноста. Ако појди напред, назад не се враќа. Губи топка и чека некој друг да ја земи. Треба инаетчилак, борба – советува Башески.

Loading