Габриела Лазоска од ОУ “Гоце Делчев” и Ана Ѓеорѓиеска од ОУ “Рампо Левката” ќе нé претставуваат во Шпанија на меѓународното првенство во умешно возење со велосипед низ лавиринти и ќе решаваат комплицирани тестови. До тами стасаа со освоните прво на Габриела и второто места на Ана на државниот натпреварот “Пионерски семафор” во Скопје. Менторот Михајло Велкоски очекува добри позиции на натпреварот во јули.
Нашиот град го претставуваа шест ученици, двајца од големата група (седмо и осмо одделение) и четворица од малата екипа, две девојчиња и две машки. Од големата екипа Христина Атанасоска не патува за Шпанија, иако беше прва во големата група. Покрај дипломите и пехарот, првото место на Христина í донело велосипед, Ана добила симулатор за возење за компјутер и Габриела ќе слуша музика на нов музички плеер.
Натпреварот во Скопје бил неизвесен, со 96 најдобри “сообраќајци” од Македонија.