СЛАВЈЕ НА ЖИТОШЕ

Братство нов третолигаш

Братство од Житоше е нов член на Третата лига – Југ, по победата во финалето од плеј – офот од А – Општинската лига со 2-0 над Обршани. Триумфираше младиот тим од средношколци. Успехот е круна на шестгодишната младинска школа. Возраста е меѓу 18 и 23 години. Имаше и помлади – вели Ромер Муриќ, голман и тренер.

Успехот е дело и на претседателот Рушан Рушани. За екипата настапија: Р. Муриќ, Абдиу (Мујовиќ), Н. Муриќ, С. Тариќ, Зенгоски, Еминоски, Е. Тариќ, Ј. Шкриељ, Е. Рамичевиќ, Хасани (Јашари) и Р. Рамичевиќ (Шабановиќ). Примија пехар и медали од секретарот на ОФС, Петре Илиоски.

– Целта е стабилен третолигаш. Вреди трудот за публиката која дојде и во Прилеп. Немаме терен и играме во Подвис и Лажани. Очекуваме поддршка од општината Долнени – истакнува Муриќ.

Loading