СЕДУМ УНИВЕРЗИТЕТСКИ МЕДАЛИ

Карате

Нема застој за каратистите на КК Ронин. Собраа седум медали и од Државното универзитетско првенство, бранејќи ги боите на Универзитетот “Свети Климент Охридски” од Битола. Златни се: Даниел Петкоски, веќе прославениот ката тим Зорица Спиркоска – Пуликсенија Јованоска – Верица Трајковска. Трите ги поделија медалите поединечно. Прва е Спиркоска, втора Трајковска, трета Јованоска. На пиедесталот се искачи и Марија Матракоска во борби. Во истата дисциплина до бронза стигна Борче Петкоски. Првопласираните ќе учествуваат на светското универзитетско првенство во Братислава, каде ќе судат нивните тренери Елизабета и Златко Димоски.

Каратистите на КК Ронин беа дел и од хуманитарниот ракометен спектакл за помош на црквата “Света Петка”, кога меѓу двата меча ја воодушевија публиката во спортската арената “Сонце”.

Loading