Неколку деца од ОУ “Кирил и Методиј” од Селото Канатларци за патрониот празник биле добитници на награди од Романија, посветени на познатиот романски поет Никита Станеску. Осмоодделенецот Стефан Митаноски од селото Подмол освоил трето место за фотографија инспирирана од поезијата на познатиот Романец. Седмоодделенецот Александар Јованоски од селото Дупјачани освоил второ место за цртеж, мотивиран од неговата поезијата, а осмоодделенецот Антони Јованоски се закитил со бронза.