ПРОФИТ ОД СТАРА ПЛАСТИКА И СТАКЛО

Хрватската фирма Техникс ќе ја гради линијата за секундарна селекција на отпадот

Линијата за селекција на отпадот ќе биде на површина од 6 000 м2 кај депонијата Алинци

Откако Комуналец прв ја примани селекција на отпадот во Македонија, сега ќе биде лидер и во обработката на старата пластика и на стаклото. Линијата за секундарната селекција ќе ја изведува хрватската фирма Техникс, а е вредна околу 15 милиони денари. Ќе биде ставена во погон во ноември. По селекцијата, претстои втората фаза, компостирање, односно, преработката на органскиот отпад во арско ѓубре за извоз и преработка на стариот смет оставен во депонијата со децении. Депонијата со време ќе се претвори во парк.

За реализацијата на втората фаза ќе се потребни 500 илјади евра. Локалните власти ќе помогната за конкурирање за средства кај ЕУ фондовите. 

Првата еко-фабрика за одвојување на корисните материјали од отпадот ќе пласира пластика, хартија, старо железо, суровини, што се барани на пазарот од производителите. Тоа ќе значи финансиски – инпут, до позитивна нула за јавното претријатие и вработувања.

– Договорот со хрватската фирма се постигна заради условите при поставувањето на опремата за првиот погон за секундарна селекција на отпадот. Нема да го зголемуваме надоместот за ѓубретарина. Во отпадот нема профит,ама ке бидеме на позитивна нула.ќе ангажираме првин 40, а после уште 150 работници – вели Златко Ристески, директор на ЈКП Комуналец.

Халата со линијата за селекција кај депонија Алинци е на парцела од шест илјади квадратни метри.

Комуналец веќе дистрибуира 6.000 канти за селекција на отпадот до домаќинствата. До септември планирано е да се распределат нови 10.000, а следната година уште 10.000 канти. Домаќинствата се вклучени во примарна селекција на отпадот. 

Loading