ПРИЛЕПСКИОТ “ФИРЕР” – БОРЧЕ

Низ градов честа глетка е фигура на испиен човек во стар мантил, “плукнат” Адолф Хитлер. Ама кај залижаната коса и малите мустаќи завршува секоја друга сличност со германскиот Фирер. За Адолф Хитлер знаеме дека водел цела нација и сакал да го освои светот. А прилепскиот “Хитлер” нема ни оддалеку такви амбиции. Се вика Борис Мирчески и главна преокупација му е да буричка по контејнерите за да најде нешто за на отпад, за да купи нешто за јадење, да го помине денот. Дури го сменил и имиџот да прилега како Хитлер, да биде интересен за поминувачите, па ако се смилуваат да му дадат денар – два.

            Има 58 години, а зад себе 30 годишен стаж како мајстор – градежник. Не може да работи никаде оти има проблеми со нозете. Вели дека за да земе социјално му требаат документи што не може да си ги дозволи. До неодамна бил сосема “нормална” личност, ама прилките го натерале да живее на улица. Живурка некако во селото Оревоец, во колиба. Во зимскиот мраз и во летната горештина таму ги минува ноќите, сонувајќи топол дом и семејна хармонија.

            Низ  светот има луѓе, налик на Ленин и Сталин, ама тие убаво наплаќаат некој да се слика со нив. Борис – Хитлер во 2012-та живее како Адолф Хитлер од 1945-та, напуштен од сите и без надеж за егзистенција.

Loading