НАУМОСКИ ВО КАМП НА БРОНДБИ

Фудбал: Надежниот фудбалер тренира во голем клуб

Ако двата клуба се договорат, можен е трансфер в зима

Во кампот на данскиот гигант Брондби е Јорданчо Наумоски (17), надежниот првотимец на екс – прволигашот, 11 Октомври.  Планиран е десетдневен престој во тимот за играчи до 19 години. Предвидени се тренинзи и две контроли.

            – Родија плодови контактите со нивниот менаџер. Го следеше 10 месеци. Ова е првиот од двата кампа – вели татко му и тренер во 11 Октомври, Тони Наумоски.

            Младиот фудбалер пролетва играше на три “фронта”: за младинскиот и сениорскиот тим на 11 Октомври, како и за младата репрезентација до 18 години. Тој е креатор на играта во среднина.     

            Во Копенхаген и имал одлични услови.

            – Сместувањето и другото се бесплатни. Цимери му неколку млади фудбалери од странство. Можен е трансфер в зима – се надева Наумоски.

            Неговите соиграчи од 11 Октомври тренираат и по сезоната. Освен напаѓачот Ицко Јанкоски, за кого е неизвесно каде ќе ја продолжи кариерата.

Loading