НАЈЛОШО ПОЛУВРЕМЕ

Фудбалерките шести пат со празни раце

Женската фудбалска екипа на Победа не успеа во финалето од Купот, откако во Кочани загуби со превисоки 5-0 од Наше такси. Девојките не се придржуваа на тактиката од Блаже Филипоски и со “шуплива” одбрана им олеснија на ривалките.

Двете екипи ќе имаат уште еден дуел, првенствен во Скопје на 9 јуни. Наше такси ја освојува титулата, а Победа се бори за второ место по завчерашниот триумф ( 5-3 ) дома со Борец.

Loading