Големиот Баерн дома на пенали загуби во финалето од Лигата на шампионите, а за спортската трагедија не жалат само навивачите од Минхен туку и градоначалникот Марјан Ристески. Тој од дете бил фан на германскиот гигант. Облечен од глава до пети во баерновите бои, мечот со жален еполог го гледав во Минхен. Немавме среќа. Тренерот не требаше да го замени Милер – смета Ристески. За утеха, на Европското првенство во Полска и Украина, ќе навива за Германија, каде не учествува Македонија.
– Се запознав со триесетина загреани навивачи, па можно е да оформиме клуб на навивачи за Баерн во Прилеп – најавува Марјан Ристески.