МЕЧ НА ГОДИНАТА

Корзо пред вратите на Втората лига

Според очекувањата, Корзо се врати на врвот од табелата на Третата лига – Југ, со триумфот дома над Сирково со 2-0. Има два бода  повеќе од вториот Кожуф. В недела е разврската. Гевгеличани играат дома со Сирково, а Корзо оди во Башино Село, Велешко, на третиот Илинден.

– Меч на годината. Домаќинот е квалитетен, но имаме сили за победа. Освен оперираниот Кире Наумоски, сите други првотимци се подготвени за борба – вели Александар Попов, секретар на ФК Корзо.

Доколку Корзо победи, речиси сигурно е првак и нов член на Втората лига, бидејќи преостанува последното коло на 9 јуни дома со четвртиот Вардар.

Loading