,,Mainstream,, е тематската изложба на уметницата Христина Зафировска, што ќе биде отворена во 19.30 часот во фоајето на Центарот за култура. Зафировска има дипломирано на ФЛУ во Скопје на отсек сликарство со графички дизајн.
Според Маја Чанкуловска – Михајловска, со најновиот проект, насловен “Матица”, Зафировска останува доследна на основните карактеристични модули на досегашното творештво, – линијата и формата, контрастот и ритамот, надополнети со идејата базирана врз концептот на динамика.