По “бескрајното” броење гласови од е-сандачето на наштата адреса и будно следејќи ги активностите на фејсбук профилот на Зенит петка, дојдовме до финалистите на натпреварот за најученик, најнаставник, најодделение и најучилиште. Не беше лесно да се мерат гласовите, па некогаш и еден глас беше решавачки. Со преку 2000 гласови на електронска пошта и неброени постови на фејсбук, еве ги номинираните:
За најучилиште, “Блаже Конески”, “Гоце Делчев” и “Добре Јованоски”.
За најнаставник, Кети Иваноска, Тони Николоски, Маја Најдоска, Розита Кареска, Димитрија Дивјакоски, Јулија Талеска, Тања Илиеска, Елизабета Ангелеска.
За најученик од ОУ “Гоце Делчев”, Стефан Неделкоски, Ангела Зероска, Маја Стојаноска. Од ОУ “Блаже Конески” најмногу гласови добија Давид Лазароски, Бојан Димески, Филип Филипоски и Симона Наумоска. Од ОУ “Добре Јованоски” номинирани се Ангела Димеска, Милена Чакмакоска и Кристијан Велески. Од ОУ “Рампо Левката” – Марија Мирческа и Даниел Стеваноски. Од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” – Бисера Галеска, Јасминка Ржаникоска и Марија Николоска. Од ОУ “Климент Охридски” – Бисера Јованоска, Роберта Ацеска и Деспина Силјаноска. Претставници од ОУ “Кочо Рацин” – Андреј Патоски, Марко Маркоски и Јована Костоска.