ИМА МЕСТО ЗА УШТЕ ИГРАЧИ

РК Прилеп

Новиот РК Прилеп продолжува со тренинзи три – четирипати неделно во салата “Сонце”. Тренерите Орде Илиески, Страшо Илиески и Ице Соколоски работат со 25-30 ракометари. Од познатите одвреме – навреме се јавуваат Александар Бозароски, Филип Василески, Јане Локвенец, Петар Когој… Вратата е отворена и има место за уште играчи.

Според стратегијата, товарот ќе падне на младите од школите на РК Златен даб, РШ Бозаро и РШ Филип. Првата сезона ќе е без големи амбиции. Доволно е учество во Првата лига. За почеток, важна е организацијата и поддршката од Локалната самоуправа, но и од спонзорите.

Олимпијка од Жито Прилеп

Првотимката на Жито Прилеп, крилото Биљана Павичевиќ оди на Олимпијада во Лондон, со репрезентацијата на Црна Гора. Ги минаа квалификациите, а Павичевиќ ја бараат моќни клубови. Неизвесно е дали ќе остане наесен во Жито Прилеп.

Loading