ХОЛАНДСКИ ВОСХИТ

Група холандски туристи го разгледуваа градот. Знаменитостите биле дел од дестинациите во земјава. Ја бендисале чаршијата, оти, како што велат, била ем стара, ем шик. Многу, многу не се врткале околу новите градби, оти ги привлекувале старите градби и уметноста. Во очи им паднале околните манастири. Го “допреле” “недопреното” Мариово. Се воодушевиле, но и се разочарале, заради кусото време на располагање. Изгледа ќе нé посетат пак, затоа што тоа што го прочитале на интернет за Прилеп, а не го виделе поради кусиот престој. Следниотпат, повеќе ќе се запознаат со градот и околината. Ќе вкусат и прилепски кулинарски вештини.  

            Рекоа дека не виделе почист град од Прилеп. Сите од групата беа од Ротердам, надалеку познат град по старо-новото урбано решение, па пофалбата од туристите е вредна за почит.   

Loading