,,ЃОРЧЕПЕТРОВЦИ” ГИ СМЕЕЈА АРИФИ И ОРАВ

Ученици од СОУ “Ѓорче Петров” ја шармирале публиката со прилепскиот хумор во претставата “Болница” и го освоија првото место  на натпреварот за есеј, лична творба, ораторство и дебатирање за Денот на зачнувањето на Европската Унија, 9 Мај. На автентичниот мајтап не се воздржале и вице – премиерката за евро интеграции, Теута Арифи, и евро пратеникот, Аиво Орав. “Виновници” за бурните аплаузи и непрекинатата смеа биле учениците под водстство на професорката Билјана Тинтоска – Александар Милошоски, Мартин Тошески, Филип Стојаноски, Бранкица Вецеска и Јованчо Пуцакоски од насоката медицинска сестра.

            Иако дебитираат, велат дека немале трема, оти сценаристот Филип одлично го вклопил секојдневието во болницата со проевро хуморот. Тинтовска уверува дека наградата отвора “нови врати” за промоција на Прилеп како европски град преку сличи проекти во иднина.

            Веќе се поканети на учество во МРТВ. 

Loading