ЦРТЕЖИ И ГРАФИКИ ОД ДИМИТАР МАЛИДАНОВ

            В петок од 19 часот во галеријата на ЦК” Марко Цепенков” ќе биде отворена изложба на цртежи и графики од Димитар Малиданов, редовен професор на ФЛУ во Скопје. Уметникот дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана.

            Според академик Ѓорѓи Старделов, со графиките авторот отвора влез во еден неисцрпен и нездогледлив свет исполнет со многу оригинални семиотички и архетипски знаци и симболи. Открива една нова градба на графичката уметност, исполнета со необична убавина.

            Имал 30 самостојни изложби, а учествувал на преку 200 групни во земјата и странство. Малиданов е добитник на награди и признанија, меѓу кои наградата за уметност – 11 Октомври.

Loading