“Народе, чујте и почујте. Загината е црна магарица, со бела подопашица, со самар и бел оглавник”. Не бледнее сеќавањето на уникатниот аберџија од ќошињата, низ пазарот, по училиштата, пред работните акции, слетовите, приредбите, спортските натпревари… Го вртел градот и соопштувал вести за манифестации, за празници, за отворање продавници, фабрики, намалување на цените, вакцинирања, загубено – најдено. Не му фаќала устата “павлака”. Тоа бил Димко Атанасоски – Дуче Барабанџијата. Бил вработен кака општински гласник, Небаре подвижно радио. Не бил само телал, туку располагал и со дух за презентација. Додавал, одземал, римувал, ја правел веста привлечна. Првин тропал со барабанчето околу вратот, па со ѕвонлив глас ги кажувал зборовите како нижани. Тажни развеселувал. Им бил мелем на душата на неарните и луѓето со гајлина. Не му требале фермани. Памтел до 60 реченици. А бил неписмен.
Се памети како мајтапчија и интелигентен човек. Умеел и да кажува и курназлаци.
Пратеникот Василие Трбиќ сакал да му крени споменикна живот, покрај магарето прилепско. Неговите потомци очекуваат локалните власти да го исполнат аманетот на Трбиќ и да му се изгради сведоштво во старата чаршија.
Бил и печалбар во Романија каде го добил прекарот Дуче. Експлозија му ги оштетила видот и слухот. Живеел 81 година, Починал крај возот, оти не слушал во 1971 година.