“ЖИВА ВОДА” ОД МАШКА ТАНГА

Стотина сограѓанки се запалија на секси танцот на двајца стриптизери, организиран од Весна Ангелеска од Орифлеим. Еротскиот танц на мускулестите тела на младите момчиња предизвика овации, особено во моментите кога тие се ослободуваа од облеката. Кулминација на жешката забава на женското друштво достигна кога во ритамот на музиката танчерите стигнаа до машката танга! Секси шоуто возбуди неколку сограѓанки да ги даруваат танчерите со некоја пара, ставајќи ги во “врвците” напред и назад. Кај дел  тнацот не изнуди возбуда и, небаре пуританки, љубопитно само набљудуваа. Организаторот го “скрши” мразот, најавувајќи поатрактивни секси дружби. 

Loading