Профункционира новата фонтана пред споменикот Марко Цепенков. Млазеви вода бликаат од под плочките. Се креваат, се спуштаат, разигрувајќи се и предизвикувајќи восхит. За најмладите фонтаната стана атракција. Подрипнуваа, ја гледаат, едноставно уживаат. Фонтаната особено навечер предизвикува внимание, кога млазевите се во најразлични бои – црвена, сина, жолта.