Фудбал: Корзо планира три победи
Привиден “стрес” за екипата на Корзо, поразена на дербито од Кожуф во Гевгелија. На табелата Кожуф е прв со 62, а Корзо второ со 61 бод. В недела Корзо игра дома и извесен е триумф со Сирково, а планирани се уште две победи со Илинден во Башино, Велешко и дома со Вардар за вкупно 70 бода. Кожуф може да собере максимум 68 бода. Во Првата лига Брегалница – 11 Октомври (4-1) за последно место и преселба во Втора лига, а Победа јуниор – Охрид лоте (3-0) за опстанок во Втората. Во Општинската А лига после полуфиналните, Братство – Гарван (2-1) и Тополчани – Обршани (3-4 на пенали), финалето е в недела (16 ч.) на стадионот “Гоце Делчев”.