СОУ “Ѓорче Петров” има со што да се гордее. Ученичката од прва година, од фармацевтската насока, Симона Трпеноска, го освои третото место на Државниот натпревар по латински јазик на Филозофскиот факултет во Скопје. Под менторство на професорката Цветанка Стојаноска успешно се подготвувала и отишла чекор напред. Симона првпат се сретнала со латинскиот јазик годинава и веднаш и станал привлечен. Како што рекол римскиот император, Цезар, “VENI, VIDI, VICI”, овие зборови í биле ѕвезда водилка – пошла, видела и победила! Резултатите не дошле сами, туку максимално се спремала. Драго ми е што сум трета. Изучувањето на латинскиот јазик не е само училишна обврска, туку и задоволство што ми овозможи многу осознавања, откривања и, се разбира, награда – рече Симона.