СЛИКА ЗА ЧУВАЊЕ НА ТРАДИЦИЈАТА

На 37-та државна изложба на детски ликовни творби со тема “Народната култура како трајна инспирација во моето творештво”, во Битола имало над сто учесници. Жирито било ставено на “тешки маки”. Се собрале ученици од основните училишта од цела Македонија.

            Пофалници од нашиот град зеле Александар Карапеески, Ангела Митреска, Симона Ѓореска, Марио Нанески и Леонид Стојкоски од ОУ “Гоце Делчев” со наставничката Надица Чардаш. Од ОУ “Климент Охридски” се истакнале Ангела Башеска, Ивана Стојаноска, Јане Јанески, Андреј Дујакоски, Божидар Неделкоски и најмалата, третоодделенката Милена Трајкоска.

            Сите биле водени од идејата дека модерната надградба на општеството мора да почива на традиционални вредности. Покрај пофалницата како најголема награда им било запознавањето со народните културни вредности, за кои на нив останува да ги негуваат и почитуваат.

Loading