Параглајдерство: Во пресрет на Европското
Идниот месец е Европското првенство во параглајдерство, дисциплина прецизно слетување, во Охрид. Семејството Јованоски, таткото Миле, синовите Мартин и Борјан, се во топ форма. Според последниот настап во Бугарија, екипно, претставниците на клубот “Делта” ги прегазија домашните ривали и убедливо се први, пред тимовите на Перник и Благоевград.