СЕ ПОДГОТВУВА ,,ОД КОЛ НА КОЛ 2,,

По огромниот успех на претставата “Од кол на кол”, која доживеа над 70 изведби, театарот подготвува продолжение, или “Од кол на кол 2”, пак во режија на Коле Ангеловски.

Претставата се работи по текст на Реј Куни. ЦК “Марко Цепенков” ќе ја покрие претставата финансиски комплетно од сопствени извори.

– Го пронајдов вториот дел од текстот на Реј Куни, го преведов и направив адаптација. Приказната продолжува. Таксистот кој во првиот дел има две жени, околу кои се врти дејствието, сега има две деца. И тука настануваат урнебесните ситуации. Претстои весела комедија – вели Ангеловски.

Ќе играат актерите Најдо Тодески, Трајче Иваноски, Андон Јованоски, Виолета Чакарова, Цена Чавлеска, Влатко Ѓорѓиоски, Наташа Наумоска …

Премиерата е планирана за стартот на Прилепското културно лето.

Loading