В среда в театар
“Змејовата невеста” во режија на Нела Витошевиќ, е првата претстава што театарот годинава премиерно ќе ја прикаже в среда од 20 часот со поддршка на Министерството за култура. Претставата е на текст на Димитар Молеров, кој опфаќа универзални и современи проблеми. Текстот е отворен и говори за забранета љубов меѓу девојка и змеј, една бајковита структура интересна за в театар. Жанровски е одреден како идилична оперета, во која писателот умешно ги искористил народните песни и жонглирал со дијалозите во стихови. Богат е со галерија на добро формирани карактери и со разни симболи, ритуали и обичаи кои отвараат фантастични архетипски слики. Со музиката на Огнен Анастасов направивме една целина – вели режисерот Витошевиќ.
Во претставата ќе играат Даниела Ивановска, Марија С.Илијеска, Зоран Ивановски, Александар Степанулески, Наташа Наумоска, Димитар Горѓиевски, Јасмина М. Станкоска, Катерина Чакмакоска, Ангела Наумовска, Владимир Ѓорѓијоски, Димитар Црцороски, Никола Настоски, Александар Тодески. Сценограф е Констатин Трпеноски, костимограф – Роза Трајческа.
Витошевиќ режирала повеќе претстави. Била вклучена во повеќе играни филмови како асистент на режијата.