ПОБЕДА СЕ БОРИ ЗА ПЕХАР

Финале на женски фудбалски куп

В сабота (16 ч.) во Кочани е финалето на женскиот фудбалски куп, меѓу скопско Наше такси и Победа. Избраничките на Блаже Филипоски секоја година атакуваат на титула или куп и никако да им се насмее среќата. Засега немаат трофеј. Затоа е редно, наместо финалиња, да бројат – пехари. Меч на годината. Комплетни сме за победа. Можеме до целта – вели Филипоски. Двете екипи имаат репрезентативки. Во А селекцијата Браими, Шакири, Рочи, Кривањева и Нацева се од Наше такси, а Чакмакоска, Аџулеска и Нешкоска од Победа.

Loading