Од недела до втори јуни Конвенција на карневалски градови
Прилеп од утре ќе биде домаќин на 32 Конвенција на европските карневалски градови. На плоштадот Александрија в недела ќе има доделување на медали и отворање на манифестацијата со пригодна свеченост и парада. В понеделник ќе се одржи и изборното собрание на ФЕЦЦ, а потоа и етно вечер.
Дури 120 делегати од Малта, Холандија, Италија, Португалија, Белгија, Америка, Хрватска, Русија, Франција, Словенија, Колумбија, Луксембург, Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора една недела, односно до втори јуни ќе се дружат. Ќе се прошетаат низ прилепската, битолската и скопската чаршија, ќе го видат Охрид, ќе посетат повеќе музеи, ќе се запознаат со македонската култура и традиција. Ама ќе вкусат и македонски специјалитети, а ќе имаат и забава во бело. Ќе се маскираат на маскенбал во Крушево. Завршницата е со Гала вечер на втори јуни.
Конвенцијата ќе го афирмира градот како културен туристички центар, а воедно ќе го промовира и карневалот “Прочка”.