Учениците од ОУ “Кочо Рацин” не запираат со наградите по математика. Математичкиот “ген” кај основците овојпат ги однесе на “мала математичка олимпијада” која Ќе биде во Скопје. На осмоодделенците Андреј Патоски и Марко Маркоски, олимпијадата не им е непознаница. Лани се пласирале во најдобрите Шест од Македонија и како математички репрезентативци нé претставиле во Романија на балканијадата. Седмооделенците Матеј Костоски и Јована Костоска со менторката Александра Христоска, ги минале сите “реШета” до Олимпијадата. Со првото место на регионалното и второто на државното првенство, Матеј се пласирал на Олимпијадата, а Јована, со две втори места, фатила олиписки ранг за напреварувања. Менторот на осмоодделенците, Димитрија Дивјакоски рече дека за оваа година имаат високи очекувања, бидејЌи добро “се потковани” со реШавање на задачи од збирки за на факултет. ќе биде потеШко, оти за сите учесници Ќе има исти задачи, а Ќе има учесници и од прва година средно.