НОВИ ИГРАЧИ И ТРЕНЕР

Ракомет: Реконструкција во Жито Прилеп

Заврши сезоната за Жито Прилеп и веднаш најави промени. Претстои разделба со четирите странците – голманот, Романката Јаломитеану, Црногорките, бекот Стојановиќ, крилата Матановиќ и Павичевиќ. Тимот ќе се потпира на домашни засилувања и од младинскиот погон. Младиот професор по физичко, Методија Петлески поради работен ангажман, не може да се посвети професионално, туку само во младинските школи заедно со Весна Оханесјан, така што нов тренер, најверојатно ќе се бара од страна.

Клубот наесен нема да настапува во Регионалната лига.

Loading