НАЈ ПЕТКИТЕ ЌЕ ГИ ДОДЕЛИМЕ В ЧЕТВРТОК

            Денес, петок 25 мај, е последниот ден за гласање за изборот на НАЈ на нашава Петка. Неизвесност до крај. Секој глас е одлучувачки, на кој ќе му припадне епитетот НАЈ ученик, НАЈ одделение, НАЈ наставник и НАЈ училиште за оваа учебна година.

            Благодарни сме за големата поддршка, а уште посреќни сме што така посветено и организирано ги браните боите на вашите училишта. Ги поддржувате оние кои ги сметате за вистински пример.

            Финалето на нашиот НАЈ избор ќе се случи во 12 часот Јане четврток 31 мај на бината до споменикот на Александар Македонски. Домаќин е ОУ Кире Гаврилоски -. Ве покануваме сите да присуствувате и да го потврдите вашиот избор за НАЈ.

Loading