На седмиот меморијален планинарски марш над 400 планинари од ЕПД Картуш и од колегите од Битола, Скопје, Крушево, Гевгелија, Валандово, Кавадарци, Тетово и Неготино, посветен на нивниот починат љубител на планините Петар Андоноски – Музичарот, згасна животот уште на еден член. На патеката долга околу 20 километри од Плетвар кон манастирот Свети Димитрија кај селото Селце почина крушевскиот планинар Кочо Јанески на 66 години. Тој не го издржал “товарот”, иако бил шумар, и подлегнал на маршот од срцев удар кај месноста Ливада.
Инаку, најмлад учесник бил Николче Василески со осум години, а највозрасен Владо Поповски од Битола на 77 години.