Масовно учество на манифестацијата “Сите на велосипед”, што традиционално се организира за празникот Св. Кирил и Методиј. Рекреативно возеа 150 прилепчани на различна возраст. И велосипедите не беа униформни. Во зависност од желбата беа “брзинци” или постар тип на “Пони”. Стартот беше од центарот на градот. Градоначалникот Марјан Ристески посака почеста експлоатација на велосипедите како најефтино и најеколошко средство за превоз. Се возеше до спортскиот аеродром во близина на селото Мало Коњари и назад, во должина од неколку километри. “Сите на велосипед” се одржа по седми пат, а организатори беа општина Прилеп и Велосипедскиот клуб Илинден. Во насока на развојот на туризмот, утре и задутре во Мариово ќе се одвива рекреативното велосипедско возење “Да се изгубиме во Мариово” Стартот за посета со велосипед на мариовските села ќе биде во 10 часот за големата тура и 11 часот за малата тура на 27 мај во недела.