На ракометниот натпревар Жито Прилеп – Куманово, меѓу гледачите во спортската арена “Сонце” беа неколку млади фудбалери на екс – прволигашот 11 Октомври и второлигашот Победа јуниор. Силна поддршка на домашните ракометарки им даваа Александар Игески, Столе Дунимаглоски, Бобан Богоески и Филип Милошески. Често сме тука. Гледаме натпревари со убави ракометарки. Уживаме од трибините – велат фудбалерите. На стадионот “Гоце Делчев”, кога играат фудбалерите е обратно. Таму во првите редови можат да се забележат ракометарките на Жито Прилеп.