“ЧАДОТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО” ВО СКОПЈЕ

 

Точно 480 експонати од Музејот за тутун во Прилеп ги гледаат скопјани на изложбата, крстена “Чадот на задоволството,, во Музејот на Македонија во Скопје. Вредното прилепско богатство од тутунски експонати воодушеви неколку стотици посетители.

 

– Повеќето од експонатите се купени последните три години со средства на Министерството за култура. Привлекуваат лулињата чибуците, запалките, кибритите, пепелниците, наргилињата, сечкалките за тутун и потсекувачите за цигари, кашираните фотографии… Освен што се гледа, може и да се проба бурмут, да се сецка тутун за луле и цигарети и да се ужива во приказните за експонатите – вели етнологот Александар Цветкоски.

 

Најстариот експонат е лулето за психотропни печурки од првиот век од наша ера, а највредни се лулињата од светската изложба од Виена. Претставени се и чибукот на Жаклин – “Куртизаната – благородничка” и лулето од коњско копито “Опомена”, бидермаер, војничките и јубилејните лулиња, табакерите од Тула од Русија, бурмутницата од дворот на Катарина Медичијанката.

 

Loading