“АДИО” ЗА СРЕДНО

Матурантите од средните училишта ја завршија втората образовна Одисеја. Со зурли, тапани и труби гласно се збогуваа со редовните часови, оправданите и неоправдани отсуства и оценките до пет. Емотивно, со некоја солза ги оставија клупите и училниците во кои седеле и збирале ука 3-4 години. Ќе ги паметат навек професорите, школските другари, зафрканциите кои сега им се свежи. Стојат исправени пред животна крстосница – високо образование. Потребни им се сите информации за факултетите. Заедно со цело семејство треба да се седне во асолен муабет да се направи избор,  да се утврдат афинитетите и перспективите на образованието од овој или од  оној факултет. Дали семејниот буџет ќе ги задоволи потребите на идните бруцоши за Скопје или надвор од државава?. Дали е подобра оваа или онаа диплома? Дали овој или оној Универзитет? Дали да почнат да работат со средношколска диплома или…

            Има многу прашања, а до одговорите ќе дојдат со консултација на најблиските. Најважно е дека минала една етапа од  образованието, онаа најдобрата, кога се созрева, се раѓа првата љубов, недоречена симпатија и другарството што ќе трае доживотно.

Loading