
Бошко Талески, раководител на одделението за приходи, го остави зад себе ергенлакот и застана на “лудиот камен”. Со брак ја круниса долгогодишната љубов со саканата лекарка Захарица Пешталеска. Честито нека им е на Талески и на неговата избраничка. Им посакуваме хармоничен живот, исполнет со радост и полно рожба. Првиот локален даночник се охрабри и кажа пред свештеникот дека е подготвен да го дели животот со сентиментална личност. Потврда е и фејсбук профилот на неговата животна избраничка, на кој напишала – “Ноќта е кратка, ако ја минуваш со саканата личност, а денот е долг, ако мислиш на неа, љубовта е вечна, ако ја чуваш во срцето”. Според тоа Бошко избрал да живее со чувствителна жена, полна со љубов кон сопатникот. Официјалната размена на венчалните прстени и судбоносното “да”, младите го направиле на спектакуларна свадба во ресторанот Романса. И младенците, и сватовите лумпувале и се веселеле долго во ноќта, зашто кај страната на Бошко тоа е прва радост. Не разбравме дали брачната двојка ќе има свадбено патување, колку пари Бошко и нункото ставиле во чевлите на невестата, каква е содржината на невестинскиот чеиз и колку златен накит добила невестата.
Како и да е, на младите им претстојат радости и животни бури, но љубовта секогаш е посилна и од стихиите.
![]()

