ТРИ ЧАСА СО РАКОМЕТНИТЕ ЛЕГЕНДИ

Хуманитарен ветерански спектакл в среда во 17ч. во арена “Сонце”

Сите пари од влезниците за новата црква “Света Петка”

Долгоочекуваниот спектакл – ревијалните ракометни мечеви на ветеранките од Тутунски комбинат против Скопје, односно ветераните на Тутунски со некогашните репрезентативци на Македонија, е в среда (17 и 18, 30 ч.), во салата “Сонце”. Интересот е огромен поради  враќањето на спомените на добрите времиња на ракометот. Мечевите ќе имаат и хуманитарен карактер, бидејќи парите од влезниците од по 100 денари ќе се насочат за доградба на црквата “Света Петка”. Практично, мечевите ќе бидат четврт донаторски настан.

Ќе се претстават легендарните ракометни ѕвезди. Скопје доаѓа со некогашниот европски шампион Кометал и неколку други клубови. Најавени се Нацева, Стојаноска, Шишкоска, Златановска, Аџиевска, Кастратовиќ, Велкова, Чупиќ, Тодоровска, Радуловиќ, Будимир, Платон, Карбеска, Пршеш, Новоселска. Тренери се Радиќ и Бошковски. Тутунски се спротивставува со екипа од некогашната втора југословенска лига: Милошеска, Наумоска, Белакапоска, Силјаноска, Филипоска, В. Аџулеска, Митеска, а продолжуваат помладите Шокоска, Стојческа, Дисоска, Ангелеска, Самарџиоска… Тренер е Кузманоски. Од РФМ доаѓа делегација како да одат на светско првенство. Судии се Неделковски и Микиќ.

Во предигра на ветеранките, играат ветераните. Сите се поранешни репрезентативци. Најавен е составот: Петковски, Стефановски, Тутарков, Манасков, Бисимов, Цветановски, Николовски, Станковски, Ѓорѓиевски, Зарков, Јусуфовски, Андоноски, Петрески и Димитровски. Во последен момент ќе биде познат домашниот тим на некогашните првотимци од Тутунски, кои успешно настапуваа во Втората југословенска лига и беа први вицешампиони во самостојна Македонија Доволно е да се спомнат имињата на О. Илиоски, С. Илиески, К. Илиески, П. Локвенец, а има уште многу други заслужни.

Loading