ТРЕТО МЕСТО ЗА АК ПРИЛЕП

Моделарство

Борба водеа 16 натпреварувачи на 60 Државен натпревар во воздухопловно моделарство, во Ф 1 А – едрилици на аеродромот кај Мало Коњари. Резултатите се солидни на ветровитото време. Потребна беше и физичка подготвеност, бидејќи во потрага по моделите при турнусите, натпреварувачите истрчуваа по 25 – 30 километри. Најдобар успех постигна Гоце Јосифовски (АК Витачево, Кавадарци), пред Пеце Илиевски (АК Мирко Тодоровски, Битола) и Живко Николовски (АК Скопје). Од прилепчаните најуспешен е Зоран Велкоски, петти.

Екипната на домаќинот, АК Прилеп (Велкоски, Димески, Попоски, Најдоски), собра поени за трето место.

Loading