Фудбалската екипа на гимназијата “Мирче Ацев” на Гимназијадата го освои второто место во силна конкуренција. Тимот предводен од Бранко Дисоски во финалето се соочил со СОУ “Коле Неделкоски” од Велес, каде резултатските промени не биле за оние со послабо срце. Нашите повеле со 1 – 0, за на полувреме да појдат во соблекувални со 1 – 2. Во второто полувреме “цутеле” голгетерите, така во регуларното време било 6 – 6. Велешани победиле 4 -2 на пенали. Капитенот Горан Здравески рече дека гимназијалците гореле за победа, а тренерот Дисоски рече дека се “оставило срцето на теренот”. Среброто го донесле Јорданчо Наумоски, Андреј Тодороски, Андреј Хаџипопоски, Бојан Стојкоски, Дејан Златески, Лоренцо Николоски, Дарко Ѓорѓиоски и Стефан Иваноски. Тие ќе учествуваат во спортски камп во Дојран, летово.