
За есенскиот ден на дрвото, на учениците од одделенска настава од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, нема да им бидат потребни садници. Под мотото “Од семче до дрвце”, тие отсега ‘ртат и одгледуваат неколу семчиња од јорговани, цреши и јаболка да бидат спремни со расад. Преку брошури разбрале како пластичениот сад да го подготват со камчиња и ровка земја и да ги засадат своите “бели дробови”. Растението треба редовно да го полеваат со вода и, за да биде поинтересно за нив, да му дадат име и да му водат “лична карта”. Кога се јавиле првите никулци, колку пораснало првиот, вториот месец… Третоодделенците Мартин, Деспина и Доротеја ветуваат дека само од нивното одделение ќе никне една шумичка во школскиот двор.
![]()

